Груби се пофали, ДУИ го добила МНР
Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети соопштија дека постигнале конечно договор за формирање на Влада, но не кажаа кои ресори односно министерства ќе им припаднат на ДУИ, кои на СДСМ и коалцискиот партнер БЕСА. Неколку часа по средбата, генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби на својот Фејсбук профил се пофали дека партијата го добила Министерството за надворешни работи.
-Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. ИСТОРИЈА!, напиша Груби.
Уште од вчера се шират шпекулации која партија, кој ресор ќе го води. Според неофицијални и непотврдени информации од ДУИ, оваа партија освен МНР, ќе ги води и министерствата за финансии и економија и секторот евроинтеграции, додека на СДСМ ќе му припаднат Министерството за внатрешни работи, правда и одбрана. БЕСА можно е да го добие министерството за транспорт.
Сепак од СДСМ се категорични дека не можат да потврдат ништо додека траат преговорите.
-Сите пишуваат шпекулации и тоа не е во ред, велат од СДСМ и бараат јавноста да почека.