Додека Палевски одговараше на прашања Кешишев коментираше „нема врска ова”
Во текот на испитување на Палевски обвинителката се наврати на 22.11.2023 година, дента кога беше грабнат и убиен 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, со констатација дека Палевски измислил дека го сретнало едно лице тука во Скопје, во моментот на кривичните дела врз Панче, пренесе СДК.
„Тоа лице постои и е претепано во вашата истрага. Има сериозни последици. Јас не можам да се сетам на неговото име и презиме. Додека ја шетав Хера, среќавав многу луѓе. Благодарение на медиумите, не прифаќаат покани за сведочење”, ги обвини Палевски медиумите.
Потоа го споменуваше сообвинетиот Влатко Кешишев, а тој на адвокатот му шепотеше: „Нема врска ова”.