Кос: Мора да застанеме против автократиите – Кошта од Софија: Ќе работиме со Македонија за надминување на проблемот
За првпат надворешни сили сакаат да пропадне процесот на проширување на Унијата, оцени еврокомесарката Марта Кос.
Во посета на Чешка, таа нагласи дека светот забрзано се менува, а проширувањето мора да успее зашто носи стабилност и безбедност во Европа.
„Заедно мора да застанеме против автократиите, кои сакаат да не видат да не успееме. Ние сме во нова фаза на процесот на проширувањето. Никогаше порано немало вакви деструктивни надворешни сили кои сакаат да не успееме. Сега за првпат има и толку дезинформациски кампањи.“, вели Марта Кос.
Првиот човек на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта во Софија со бугарскиот државен врв зборувал и за проширувањето, а од новинарите беше конкретно прашан дали Македонија ќе ги почне наскоро преговорите, усвојувајќи ги уставните измени посочени во францускиот предлог.
„Ќе продолжиме да работиме со различните земји, поточно со Северна Македонија. //Сметаме на напорите на сите земји да ги надминат проблемите, да ги решат проблемите, да ги адресираат на вистински начин различните прашања и да осигураат ефективно проширување за време на овој институционален циклус, во наредните пет години“, вели Антонио Кошта