Safe Journalists:Ги осудуваме полициското насилство и заканите со смрт против новинарите на ТВ Н1 во Србија
Мрежата „SafeJournalists“ остро ја осуди бруталната употреба на сила од страна на полицијата и жандармеријата против новинари, студенти и граѓани за време на денешните протести пред Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад. Тие, исто така, ги осудуваат најновите закани со смрт испратени до редакцијата на телевизијата Н1 преку е-пошта, во кои се упатуваат закани за пукање во новинарите на Н1 и студентите што протестираат.
Студенти и граѓани се собраа утрово пред Факултетот за спорт и физичко образование за да го спречат деканот Патрик Дрид да „се обиде да ја пробие блокадата на тој факултет“. Во таа прилика, полицијата употреби сила неселективно, според таа новинсрка органзиација.
Новинарите на телевизијата Н1 добија закани со смрт во петокот, потсетува оваа мрежа.
„Би бил среќен да ве стрелам сите заедно од куќата Н1 со Ѓилас и Шолак за да исчезне целото предавничко ѓубре. Исто така, би стрелал и целата оваа отруена студентарија = толпа која нема надеж дека ќе се опорави од вашата болест!!! Марш гадови фашистички, сите комплетно!“, гласеше пораката што редакцијата на Н1 ја доби во петокот преку е-пошта.
Мрежата „SafeJournalists“ предупредува дека таквите пораки на омраза и насилство јасно претставуваат кривично дело и мора да се третираат како сериозна закана за безбедноста на новинарите и граѓаните.
„Ги повикуваме надлежните органи, а особено Обвинителството за високотехнолошки криминал и Министерството за внатрешни работи на Србија, итно да го идентификуваат и гонат лицето кое ги испратило тие закани. Исто така, изразуваме загриженост за нападот врз новинарот Жарко Богосављевиќ од страна на полицијата, кој ја извршувал својата новинарска задача – да известува за јавноста за настани од јавен интерес. Исто така, загрижува и практиката во последните неколку месеци полицијата да не реагира на напади врз новинари за време на известување, иако тие биле на места лично“, наведуваат тие.
Мрежата „SafeJournalists“ бара од Министерството за внатрешни работи на Србија итна и темелна истрага за сите околности на овој инцидент, идентификување и гонење на одговорните полицајци, како и обезбедување заштита на новинарите кои ја извршуваат својата работа во согласност со највисоките професионални стандарди.
„Овие инциденти уште еднаш го потврдуваат загрижувачкото ниво на закани врз новинари во Србија и атмосферата на неказнивост во која нападите и заканите врз медиумските работници се случуваат се почесто, особено од почетокот на студентските протести“, се додава во соопштението.