„Ни убивте се, но, ќе ве стигнеме, џабе ви се 400 илјади евра за анкети за рејтинг на ден пред погребот на децата“ изјави родител на протестниот марш

Од пред зградата на Јавното обвинителство семејствата на загинатите во Кочани побараа од обвинителите да излезат од зградата и да не ги манипулираат дел од родителите за да го контаминираат маршот.

-Дојдовме со душа и срце. Не сме вооружени. Не се плашете. Ни убивте се, но, ќе ве стигнеме ние. Џабе ви се 400 илјади евра за анкети за рејтинг на ден пред погребот на децата. Сите да си дадете оставка и да ги напуштите узурпираните институции, рече Владимир Апостолов од Кочани и додаде:

-Господинот (Љупчо) Коцевски кој ќе го апси него? Пред него бил Љубомир Јовевски, Марко Зврлевски…Дали се уапсени? Панче Тошковски не убедуваше дека имало големи криминали…Дали се приведени началниците што се поставени и се директно одговорни? Пред него беше Оливер Спасовски, дали е приведен? Дали се приведени Наќе Чулев, Агим Нухиу, Гордана Јанкуловска, Оливер Андонов…, кажа Апостолов и ги наброја сите претходни и актуелни функционери од Министерството за економија и ДПИ кои ги предводеле институците, а не се уапсени. (fokus.mk)

Back to top button
Close