ВИДЕО: Фрчкоски и Андонов меѓу малкутемина што излегоа да им дадат поддршка на семејствата на загинатите од Кочани
Велат дека дошле да им дадат утеха на родителите за големата загуба на своите најмили, но дека никој не може да ја намали нивната болка.
„Јас сум тука да им дадам солидарност во болката на овие луѓе и да ги поддржам во барањето правда. Тоа е суштински. А дали ќе успее обвинителството тоа да го истера зависи од тоа дали ќе има храброст да ги именува главните виновници за тој фатален пожар. Во овој момент тие остануваат надвор од досегот на правдата“ рече Фрчкоски.
„Овде сум пред се да не се повторуваат вакви работи. Да престане функционирањето на несистемското функционирање на структурата во државата, а тоа бара граѓанска свест, почитување на законите, намалување на влијаните на политичките партии и ресетирање на целокупното општество во многу аспекти“ рече Андонов.
Главната порака што ја упатија до институциите во државата, е дека правдата мора да дојде на виделина и дека за тоа излегле на овој протест за да им се помогне на овие неутешни луѓе.
„Има уште луѓе кои ќе ја донесат правдата. Правдата мора да дојде….од кога стана Македонија независна сите треба да одговараат по име и презиме. Имаат грешки сите.