Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување вредно над 5,6 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга, поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување член 279 од КЗ.

Првопријавениот Ш. У. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги ИНТЕРЛА увоз-извоз ДООЕЛ с.Лабуништа Струга во периодот од 07.10.2010 – 10.02.2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ИНТЕРЛА увоз- извоз ДООЕЛ с.Лабуништа Струга, во текот на 2021 година употребил влезни

фактури со невистинита содржина за наводно извршена набавка на стоки и услуги (дробен камен со транспорт, киперски гуми екстра товар, багер марка HITACHI, хидро оил ХД 46, моторно уље 15/40, диференцијал за багер Волво ЕЦБ35, црева за хидроулика за багер Волво ЕЦБ35, филтер за воздух, филтер за нафта, филтер за уље, мотор за багер со приклучни елементи, корпа за багер со заби, кардан за кипер мерцедес и еуро дизел -БС) во вкупен износ од 36.926.920 денари со вклучен ДДВ во вкупен износ од износ од 5.632.920 денари, издадени и ставени на располагање од страна на второпријавениот А. Т. во својство на управител на правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги РЕЛАКС САС ДООЕЛ Неготино во периодот од 29.04.2020 година до денес. Првопријавениот Ш. У. во сметководстваната евиденција ги евидентирал влезните фактури и креирал побарување за ДДВ кое го употребил за пребивање односно намалување на Обврските за ДДВ со што нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија по основ на ДДВ по пресметковна стапка од 15,2542% во износ од 5.632.920 денари

Back to top button
Close