ДУИ повикува граѓаните да излезат на протести на улица

„Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка и партиска дискриминација, која претставува флагрантно кршење на основните принципи на правната држава.

Уште повеќе, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги посочија виновниците и побараа одговорност од Министерството за внатрешни работи, единствено поранешниот министер Бектеши сè уште се држи во изолација – како параван за да останат вистинските виновници на слобода.

Трансакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги газат сите правни, морални и човечки принципи.

Премиерот, откако јавно го заплаши обвинителот дека ќе ги изведе луѓето на улица против него, сега целосно го има потчинето и настапува истовремено и како обвинител и како судија.

Ако улицата е решението – тогаш дојде време сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – мирно, но решително, на улица“, се вели во соопштението на ДУИ

Back to top button
Close