ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, Жичницата ќе работи 2 часа подолго

ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре (четврток) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

– Истовремено, ве информираме дека од утре, четврток, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот, велат од ЈСП.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Back to top button
Close