Хипербарната комора во Кочани ставена во функција
Во Општата болница со проширена дејност – Кочани од денеска официјално е ставена во употреба хипербарната комора, која неодамна беше добиена како донација. Оваа современа опрема ќе се користи за рехабилитација на повредените лица од трагичниот пожар што се случи во клубот „Пулс“.
Преку терапијата со хипербаричен кислород, пациентите ќе имаат можност за побрзо заздравување на изгорениците и за намалување на последиците од вдишување на токсични гасови. Комората овозможува зголемување на концентрацијата на кислород во телото, што придонесува за побрза регенерација на оштетените ткива.
Од болницата информираат дека 27 лица повредени во пожарот веќе започнаа со третман, а дополнителни 11 пациенти се згрижени на другите болнички одделенија, вклучително и неврологија, хирургија и физикална терапија. Сите се во стабилна здравствена состојби.
Иако процесот на закрепнување ќе биде долг, од здравствената установа посочуваат дека хипербарната комора значително ќе го скрати времето потребно за рехабилитација. Според медицинските експерти, само еден час терапија во оваа комора има ефект сличен на престој од седум до десет дена на планинска надморска височина.