Најмалку 22 загинати во нови судири во близина на Дамаск, тврди Центарот за мониторинг на човековите права
Дваесет и две лица се убиени во судири на периферијата на Дамаск, додека вооружени групи нападнаа цивили и безбедносни сили, соопшти денеска Центарот за мониторинг на човековите права, јави ДПА.
„Шеснаесет припадници на сириските безбедносни сили и шест припадници на заедницата Друзи се убиени во судирите“, изјави за ДПА раководителот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман.
Претходно сириска новинска агенција јави дека 11 лица се убиени.
Вооружени групи од вчера пукаат врз цивилни возила и возила на службата за јавна безбедност на патиштата, додека други напаѓачи нападнаа контролен пункт во градот Сахнаја, јужно од главниот град, објави агенцијата