Костадиновски: Се уште постојат луѓе кои по трагедијата во Кочани, приоритет ставаат на алчноста и личните интереси

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадиновски реагира на дописот испратен од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара свикување на итна седница на општината.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Со жалење морам да констатирам дека во Македонија и во Струмица се уште постојат луѓе кои по трагедијата која што се случи во Кочани, приоритет ставаат на алчноста и на личните интереси пред интересите на сопствените граѓани.

Имено, денес општина Струмица е пристигнат допис од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ а во име на цела советничка група со коалицијата во кој се бара свикување на итна седница на Советот на општина Струмица во кое бараат да се дискутира по две точки.

– Разгледување на барање поднесено до ЗЕЛС од Група на угостителски објекти поради издадени решенија за рушење од страна на општина Струмица, како и разгледување на состојбата со користење на урбана опрема во општина Струмица

– ⁠Разгледување на петиција од група сопственици на стопански објекти на ул.Маршал Тито, стара чаршија и ул.Братство и Единство, во врска со поставување на урбана опрема, физичка бариера за велосипедска патека.

Очигледно дека кај овие луѓе од ВМРО-ДПМНЕ нема никакво чувство за одговорност, ниту пак овие луѓе имаат намера да ги подобрат состојбите државата и во нашата Струмица. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ бара нелегалните објекти кои узурпираат јавен простор да не бидат срушени и отстранети.

Дивеењето и непочитувањето на законските одредби и правила за жал се докажа како трагично со последниот случај во Кочани. И наместо од тоа да извлечат поука, оваа владејачка група на луѓе продолжуваат со истата приказна – загрозување на животите на сите граѓани на државата за лично богатење и профит.

Општина Струмица тоа нема да го дозволи. Нема да го дозволам ниту јас како градоначалник избран од мнозинството на граѓани на општина Струмица кои бараат тие и нивните деца да бидат безбедни. Нема да дозволам никој, да ги стави во опасност животите на струмичани за да прави профит. Нема да дозволам узурпација на јавниот простор.

Во општина Струмица ќе се почитуваат правилата, законите и интересот на граѓаните.

По однос на втората точка од барањето за свикување на итна седница од страна на ВМРО-ДПМНЕ имам прашање.

Со кое лице зборувате барате правда за жртвите во сообраќајот, а активно работите на загрозување на безбедноста во сообраќајот?

Општина Струмица го смета за императив безбедното живеење во градот. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние не калкулираме со личните интереси и сметаме дека проектот за смирување на сообраќајот на ул.Маршл Тито каде треба да се реализира и првата велосипедска патека е од исклучителна важност за градот. Проект кој ќе обезбеди сообраќајна безбедност и ќе промовира алтернативен начин на транспорт.

Впрочем, ова го ветувавте и вие од ВМРО-ДПМНЕ. Што се смени во меѓувреме?

Одговорноста и емпатијата не се само декларативно искажани зборови, туку превземени чекори и дела.

Нема да кажам ништо друго освен да изразам длабока разочараност од фактот дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакво чувство за грижа кон нашите деца, нашата општина и колективниот интерес на сите нас како струмичани…

пс.Во прилог фотографии од срамното барање, од регулирана улица со среден и смирен сообраќај и на крај од погрешно и непрописномпаркираните возила за што се залага дотичната партија.

Back to top button
Close