„Вреди“ смета дека одлуката на Уставниот суд за медресата е пораз за Али Ахмети и за Исламската верска заедница

Oдлуката на Уставниот суд за поништување на лажната акредитација на медресата „Иса Беу“ претставува удар за сите оние кои беа измамени од празните ветувања на ДУИ и соработничкиот молк на ИВЗ, смета коалицијата „Вреди“.

Ова е личен пораз на Али Ахмети и неговата клика, кои секогаш си играа со верските чувства на Албанците, само за теснопартиски политички интереси. Денес вистината излезе на виделина – медресата никогаш не било акредитирано на законит начин. ДУИ ја користеше во предизборни кампањи, исто како што ги користи сите симболи, чувства и потреби на Албанците – за да ги изманипулира. Истата шема на измама се повтори и со: Фабриката за електрични автомобили – која никогаш не беше изградена, коридорите 8 и 10Д – кои останаа само на хартија, патот Скопје–Блаце – ветуван десетици пати, но никогаш реализиран, One Stop Shop со Косово – што остана во фиоките на нивната пропаганда. ДУИ секогаш функционирала со пропаганда, слики, лажни ветувања и манипулации. Денешната одлука конечно потврдува дека ДУИ нема решено ниту едно албанско прашање преку закон и устав, туку само лажела и манипулирала за гласови. 22 години на власт ги искористија за да ги средат трговските центри и имотите на своите семејства и внуци, додека на Медресето „Иса Беу“ не му обезбедија ниту статус! Медресата „Иса Беу“ повеќе нема да се користи за валкани политички игри и лажни кампањи. Ние работиме на решение, преку кое ова прашање конечно ќе биде затворено – далеку од манипулациите на минатото и блиску до правдата што ја заслужуваат Албанците, велат од Вреди.

Back to top button
Close