Филипче: Трудот мора да се вреднува, а гласот на работникот да се слуша

По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите работници, истакнувајќи дека СДСМ секогаш бил и останува на страната на работниците.

-1 Мај е ден кога го славиме трудот и достоинството на секој човек што создава, гради, образува, лекува, се жртвува за своето семејство и за нашата земја. Како човек, секогаш сум имал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред. Како претседател на СДСМ, мојата обврска е таа почит да се претвори во реална политика за поддршка на работниците и нивните права, истакна Филипче.

Тој потсети дека СДСМ, и во време на власт и денес, останува доследен на вредностите на социјалната правда.

-СДСМ отсекогаш стоел на страната на работниците. Додека бевме на власт, се боревме за покачување на платите, за подобри услови за работа, за сигурност и почит кон секој работник. Сега, и во опозиција, продолжуваме со таа борба, нагласи тој.

Филипче потенцира дека СДСМ ќе продолжи со борбата за фер плати, сигурни работни места и почитување на трудот.

-Кога сме заедно, кога сме гласни и истрајни — можеме да направиме промени. Овој ден нека не ни биде само празник. Нека биде потсетник дека секој што работи заслужува достоиснствена плата, време за семејството и глас што се слуша. Честит 1 Мај!, порача претседателот на СДСМ.

Back to top button
Close