„500 евра плата за нас ви се многу а 5 илјади евра за викенд во Грција ви се малку“, рекоа работниците на синдикалниот протест

Протестот на Сојузот на синдикатите е проследен со незадоволство и од Сојузот на стопански комори. Синдикалците и работниците пред зградата на Стопанската комора упатија жестоки критики кон сопствениците што шуруваат со владата на сметка на работничките права.

Синдикалците рекоа дека тие го заработуват лебот за газдите а добиваат само трошки. Пред зградата на Стопанска Комора упатија свирежи кон работодавачите кои седат со владини функционери и упатуваа извици „лопови“.

-Да живее денот на трудот. Овие позади се газди бескичмењаци кои 30 години ни ја пијат крвта со памукче. На тие што 500 евра плата за нас им е многу а 5 илјади евра за викенд во Грција им се малку. Ние им го создадовме капиталот и имаме право на дел од тој капитал, изјави синдикалец пред зградата на Стопанска Комора.

Синдикалците се упатија кон зградата на владата.

Повеќе

Back to top button
Close