Се подобрува состојбата на Панчо, преместен е од интензивна нега на оддел – има изгореници по телото и дишните патишта

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата „Систина“, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, по повеќе од 40 дена на интензивна нега и под апарати, сега е преместен на оддел, каде и натаму ќе се третираат неговите повреди односно изгорениците по телото и на дишните патишта. Тој е веќе 46 дена на болничко лекување, првично беше сместен на Клиничкиот центар во Скопје, а потоа, преместен во приватната болница.

Според последните соопштени информации, во македонските болници се уште се лекуваат тројца пациенти, меѓу кој е Блажев-Панчо. Од Бугарија, пред три дена, тројца пацинети беа вратени за македонија и тоа на возраст од 19, 21 и 48 години. Сите во стабилна состојба.

Обвинителството на 21 март соопшти дека и Блажев-Панчо е осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“, а поради внесување на пиротехниката.

„За внесување и употреба на пиротехничките средства е осомничен и еден член на музичката група. Постои сомнение дека членовите на бендот околу 02:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект“, изјави Коцевски.

По несреќата, има 62 загинати лица и 197 лица беа повредени. Осум лица од тимот на „ДНК“ се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Загина вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК

Back to top button
Close