Влада: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри
Прес – Влада на Република Северна Македонија
Владата во целост ги демантира лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ.
Ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите.
Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите. Впрочем во времето на СДСМ оператор на ваквите услуги беше фамозната струмичка компанија Концепт.
Времињата кога министрите од таа партија трошеа брдо пари за скапи луксузирања и кога министри патуваа со владиниот авион до Ниш или до Солун на шопинг заврши.
Апелираме со голема претпазливост да се земат лажните вести продуцирани од партијата позната по дезинформирањето. Очигледно СДСМ одбра да продолжи со својата неконструктивност, некадарност и неспособност