Без возачка и со нерегистрирано возило удрил во полициски „шевролет“
МВР информира дека вчера попладне во 15.54 часот над с. Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски регистарски таблици, управувано од А.В.(25) од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР.
По преземени мерки, утврдено е дека А.В. не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци.
Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.