Шин Бет донесе нови безбедносни мерки за Нетанјаху

Израелската агенција за внатрешна безбедност Шин Бет донесе нови сет безбедносни мерки за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради растечките политички тензии во земјата, објави израелскиот портал Ynet.

Шин Бет воведе скенери за целото тело и напредни камери за следење на настаните на кои присуствува Нетанјаху, кои сè уште се најефикасните мерки за личната безбедност на израелскиот премиер.

Агенцијата спроведе невидени мерки за заштита на Нетанјаху, користејќи напредна опрема за скенирање, како и софистицирани и напредни технологии на јавни настани, според израелскиот портал.

Back to top button
Close