Ахмети: Артан Груби и Перпарим Бајрами се некаде во регионот
Артан Груби и Перпарим Бајрами, кои веќе неколку месеци се во бегство, според првиот човек на ДУИ Али Ахмети, се некаде во регионот.
-Јас не работам ниту во обвинителство, ниту во истражните органи. Сигурно тие не се на места далеку од регионот, но не сум јас тој кој треба да ја открие нивната локација. Немам комуникација – рече Ахмети.
Поранешниот вицепремиер Груби и поранешниот директор на Лотарија Бајрами се вклучени во истрага и се бараат со меѓународна потерница веќе неколку месеци.