Ахмети и Таравари се ракуваат во Слупчане – сигнал за нова коалиција?
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, беа видени како се ракуваат за време на посетата на селото Слупчанe, по повод одбележувањето на 24-годишнината од почетокот на војната на ОВК.
Оваа средба доаѓа во клучен момент за Таравари, за кого се очекува да ја напушти Владата, а неодамна се шпекулираше дека ќе формира можна коалиција со партијата на Ахмети, ДУИ.
Извори на 4NEWS.mk блиски до партиите наговестија дека неформалните разговори меѓу двајцата лидери се во тек веќе неколку недели.
Претходно, самиот лидер на ДУИ изјави дека не ја исклучува соработката со Таравари, доколку ја напушти Владата