Дали патот кон банкротот на Северна Македонија треба да се поплочи со етничка и религиска дестабилизација?
1. Навидум „од ведро небо“ и без реакции кај Македонците пројде веста за укинувањето од Уставниот суд на владината согласност за основање на „Медресата Иса Беј“, исламското верско средно училиште формирано од ИВЗ.
Имено, покрај комлицирањето на статусот на учениците во Медресата, логично е прашањето дали на ист начин е загрозен и статусот на средното богословско училиште, бидејќи негов основач е МПЦ-ОА, со одлука на Третиот црковно-народен собор од Охрид, 1967.
Секуларноста на државата и правото на слобода на вероисповедта, како и еднаквоста на верските заедници е суштинска за мултиетничката и мултиконфесионалната унитарна Северна Македонија.
А тоа право на вероисповед (вклучително на верски обреди и проповеди) е поврзано со постоењето едуциран клер формиран низ средно и високо-образовни институции.
Постоењето на таквиот едуциран клер, без оглед на религијата, значи вероисповед согласно праксата и традицијата на христијанството, исламот… практикувани со векови на овие простори. Односно спречување на толкувања и радикализми кои доаѓаат со „увезени“ кадри, било да станува збор од Блискиот Исток или од докавказка Европа.
Впрочем и македонскиот и албанскиот етнос не се религиски унисони и во различен процент се составени и од христијани и од муслимани. Исто како што не сите христијани во овие народи се православни, туку и римокатолици и протестанти.
2. Идејата вака посредно МПЦ-ОА и официјално да стане дел од партискиот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ направен со олигархијата од скопска „Автокоманда“, за позициите на Системските македонци одново да бидат општествено, политички и економски валоризирани на подрачјето на „Република Македонска“ – е крајно погрешна.
И како и секогаш – ќе ни се „удри од глава“ на нас, Македонците. Додека Системските ќе си ги бројат парите на сметките во Дубаи, Кајманите, Белизе.
МПЦ-ОА врамена во простор и нарација што и се доделени со т.н. „Томос“ од СПЦ за целна дистанца од Вселенската Патријаршија станува само продолжение на РПЦ, преку СПЦ. Особено по средбата на Порфириј со рускиот архиепископ Кирил и Путин, по која СПЦ се понуди да биде балканска екстензија на РПЦ, односно „српскиот“ стана (духовен) дел од „рускиот свет“. А веќе нема дилеми дека српскиот свет сака во себе да ги гледа и Република Српска и Косово и Црна Гора и Северна Македонија.
Одлуката на Уставниот суд е во континуитет со проблематизирањето на Законот за употребата на јазиците и со одлучување со мнозинство по етничка, а сега и по религиска основа. Прекинот на редовното напредување на немакедонските кадри во Генералштабот на АРСМ, проблематизираната етничка претставеност во извршната власт… формира единствена целина која го враќа духот на пост-газиместанска СРМ, а дерогирањето на стекнатите права не враќа на „дебатите“ за етничкиот наспроти националниот, односно граѓанскиот концепт устав.
Имајќи предвид дека овој дух децениски е негуван преку скопскиот Правен Факултет и контролираните медиуми и до и по 1991, неговите кадри и денес се одговорни за урнатите институции претседателот на Републиката, Уставниот суд и судството, како и Министерството за правда и самата Влада.
3. Интересно е како ова требаше да ги собере сите проблеми во една точка во даден момент за да ги спречи ЕУ-интеграциите на Северна Македонија во интерес на Србија (и Русија), а до сега – само ги изолира ВМРО-ДПМНЕ (и неговите изведувачи во СДСМ).
Обидот надворешно-политичкиот застој на евроинтеграциите да се префрли во одговорност кон Бугарија не успеа откако Софија остана на позицијата Скопје да ги исполни обврските што ги има преземено со преговарачката рамка со сопствена одлука.
Операцијата „гаранции“ дека нема ново вето пропадна со овонеделната посета на Кошта на Софија, со која јасно ни се исцртува дека до 2030 сме полноправни членки на ЕУ доколку ги исполнуваме обврските од рамката и стандардите.
Владеење на правото и борба против корупцијата, на пр. Кои значат и расчистување со олигархијата и нивните партии во судството, но и откривање, запленување на нелегалните пари – и санкционирање на нивните сопственици. Но и банките преку кои се движеле.
Затоа што, на пр. банкарски систем низ кој се движат нечисти пари за малигни влијанија е составен дел од невладеење на правото и корупција.
Но и фискална дисциплина, како и финансиска одржливост на државниот и јавните буџети.
А во финансиска одржливост на државата не спаѓа бесконечно задолжување, кое, очигледно се употребува за сервисирање на гломазниот партиски апарат и тендераштво под покровителство на Владата.
Ако не сте согласни со ова, одговорете си само дали и каде ги гледате парите од „унгарските кредити“ – и зошто не?
Разните невладини грантисти останати без фондови и опинионистите на олигархијата, затоа, ќе ја бранат нарацијата на власта и нејзините соработници во македонската парламентарна опозиција.
Затоа што со Преговарачката рамка единствен