Сончево и топло, до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање

Back to top button
Close