Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање за најавените протести на ДУИ рече дека правото на протест е уставно загарантирано но не треба да се злоупотребува.

-Прво дозволете да кажам дека сметам дека правото на протест е уставно загарантирана право меѓутоа апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува во политички цели. Ние веќе го започнавме процесот на разговори и пронаоѓање на партнери за следниот период, за циклусот на локални избори, еден дел од преговорите постепено веќе се заокружуваат други траат а трети допрва ќе почнат, рече Филипче.

Back to top button
Close