Русија продолжува со својата офанзива во источна Украина

Како што пренесе ДПА, борбите се интензивирале особено околу стратешкиот град Покровск во регионот Доњецк, каде што украинските сили соопштија дека вчера одбиле 70 напади, а во текот на ноќта уште 12. Градот е клучен транспортен центар, а руските сили наводно се приближуваат од исток, југ и југозапад

Русија продолжува со својата офанзива во источна Украина со висок интензитет, објави Генералштабот на Украина на својот Фејсбук профил, известувајќи за над 200 судири во еден ден.

Како што пренесе ДПА, борбите се интензивирале особено околу стратешкиот град Покровск во регионот Доњецк, каде што украинските сили соопштија дека вчера одбиле 70 напади, а во текот на ноќта уште 12. Градот е клучен транспортен центар, а руските сили наводно се приближуваат од исток, југ и југозапад.

Информацијата не може независно да се потврди.

Нападите доаѓаат и покрај тековните дипломатски напори на САД да помогнат за прекин на огнот меѓу Москва и Киев. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна предложи безусловно 30-дневно примирје, план што украинскиот претседател Володимир Зеленски го прифати. Сепак, рускиот претседател Владимир Путин ја одби понудата.

Наместо тоа, Путин прогласи едностран 72-часовен прекин на огнот кој ќе се совпадне со годишната Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва, со која се одбележува крајот на Втората светска војна, а која во Русија се слави на 9 мај, што годинава паѓа во петок.

Примирјето е закажано да започне на полноќ, среда кон четврток во Москва, и да заврши на полноќ, сабота кон недела.

Киев го отфрли ограничениот прекин и побара примирјето да се продолжи на 30 дена.

„Русите бараат прекин на огнот на 9 мај, а самите секој ден пукаат врз Украина. Ова е цинизам од највисок ред“,напиша Зеленски вчера на Телеграм.

 

Back to top button
Close