„Шанса за Центар“: Соседите имаат право само да молчат, додека олигархијата гради

Независното движење „Шанса за Центар“ денес објави дека мнозинството во Собранието го има избришано членот 62-а во Законот за градење, со што соседите на парцелата на која се гради ја губат можноста за жалба и поплака.

„Градење без коментирање: Олигархијата ги затвора „дупките“ во законите и истовремено ги затвора устите на граѓаните. Мнозинството во Парламентот го избриша членот 62-а во Законот за градење.

Со тој член се овозможуваше реакција и жалба ако непосредниот сосед смета дека имотот му се обезвреднува, или ако му се нарушува квалитетот на живот, познато како „соседско право“, реагираат од Шанса за Центар

Back to top button
Close