Реакција на ДУИ на изјава на претседателката Силјановска Давкова

Претседателката Силјановска Давкова застана на страна на Владата во поткопувањето на мултиетничкиот карактер на државата

Во време кога мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија е под сериозна закана, Претседателката Гордана Силјановска Давкова отворено се позиционираше на страната на Владата, занемарувајќи ги механизмите за заштита од етничка мајоризација.

Со нејзината изјава дека „не е важно колку  пратеници Албанци ќе го напуштат парламентарното мнозинство, сѐ додека Владата има 61 пратеник – нема потреба од предвремени избори“, Претседателката испраќа јасна порака дека етничкиот баланс и чувствителноста на коалициските партнерства не се дел од нејзиниот политички приоритет.

Силјановска многу лесно ја напушти клучната улога која Претседателот на државата треба да ја има – да биде фер арбитар на различните политички позиции со цел да ги обединува сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или било каква друга припадност.

Наместо обединувач, таа избра да биде дел од партиската поларизација.

Наместо да биде глас на уставната обврска за градење соживот и консензус, Претседателката избра да стане гласноговорничка на едноетничката доминација.

Овој пристап потсетува на темните времиња кога мајоризацијата, прикриена зад „мерит системи“ и „почитување на закони“, беше средство за системско потиснување на Албанците.

Очигледно е дека сѐ додека не се обезбедат дополнителни уставни и политички механизми кои ќе ја гарантираат консензуалноста во изборот и дејствувањето на функцијата Претседател, оваа функција ќе остане перцепирана како исклучиво етничка – насочена само кон потребите на македонскиот народ.

Доколку Силјановска Давкова не ја преиспита својата позиција, таа ризикува да биде призната само од дел од населението.

Албанската народ нема да ја препознае нејзината функција како своја, туку како отуѓена и неавтентична за мултиетничкиот карактер на државата.

ДУИ

Back to top button
Close