Сиљановска-Давкова денеска ќе го испрати во собранието името на кандидатот за гувернер на НБРМ

Гордана Сиљановска-Давкова денеска до Собранието треба да достави предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница.

 

Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај.

 

„Има неколку кандидати и најважно е да не дојде до тоа да не биде избран кандидат“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова минатата недела, најавувајќи дека денеска ќе достави предлог кандидат за наследник на Ангеловска-Бежовска.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека за гувернерската позиција се во игра вонсериски искусни кандидати за кои е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност.

Еден од условите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата, според Мицкоски, е стриктно бранење на фиксниот курс на денарот.

Председателката Давкова Сиљановска нна Вин Вин на тв Телма се налути на прашањето зошто премиерот и ја супституира и нејзиината функција и даде изјава во медиумите дека тој телефонски разговарал со председателот на парламентот и договорил изборот на предлог кандидатот за гувернер да биде направен 20 мај ден пред истекот на мандатот на сегашниот гувернер. Давкова Сиљановска налутено реагираше дека не и ја злоупотребувал премиерот и нејзината функција иако за воља на вистината премиерот и сам не се труди да не се добие впечаток дека тоа не го прави како за другите така и за функцијата шеф на државата,напротив ,тоа го прави многу транспарентно.

„Веќе имавме разговори со претседателката на оваа тема, очекувам да ги продолжиме, до крајот на неделата ќе биде јасна позицијата. Очекувам в понеделник да биде информирано Собранието, на 20-ти ќе има седница, разговарав со претседателот на Собранието за дополнување на дневниот ред на 20, така што рокот ќе биде испочитуван“, рече Мицкоски минатата недела на новинарско прашање.

Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваше Димитар Богов (2011-2018), а претходно Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).

Членот на советот за безбедност на државата екс министерот и аналитичар Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи го опомена премиерот Мицковски дека ке биде грешка ако за нов гувернер го постави неговиот фаворит,сопартиец и советник екс министерот Ставревски,затоа што јавноста сеуште го памти како министер на Груевски и неговата изјава дека јадеме чоколадо а немаме за леб,потрошил една милијарда за контроверзниот проект Скопје 2014 и го донел во Македонија контроверзниот бизнисмен и „злосторник“  Субрата Рој.

Денеска ќе биде јасно дали Давкова ќе стави потпис за предлог кандидат да биде Ставревски или сепак премиерот се предомислил и ке и препорача на председателката да го стави како предлог Трајко Славевски. За уште еден мандат на сегашната гувернерка Анита Бежовска медиуми блиски до премиерот јавуваат дека шансита се никакви исто и за Маја Кадиевска Воинович зад која стои контроверзниот олигарх Орце Камчев.

Овластувањата и задачите на гувернерот на НБ се уредени во член 48 од Законот за Народна банка. Пропишано е дека гувернерот ја претставува Народната банка, одговорен е за извршување на одлуките на Советот на Народната банка и за контролата на управувањето и работењето на Народната банка, врши други работи кои со овој закон не се утврдени во надлежност на Советот на Народната банка и Извршниот одбор. Во рамките на неговите овластувања, гувернерот може да ги преземе сите потребни или соодветни активности при управување и работење на Народната банка, вклучувајќи набавка на стоки и услуги, договорни обврски во име на Народната банка и вработување, како и избор на агенти на Народната банка.

Гувернерот може да формира едно или повеќе работни, советодавни и други тела во врска со прашања од негова надлежност и ги дефинира нивните задачи и активности. Во рамките на правилата усвоени од страна на Советот на Народната банка, гувернерот може да пренесе некои од своите овластувања или задачи на други членови на Советот на Народната банка или на лицата со посебни овластувања и одговорности во Народната банка. Гувернерот редовно го известува Советот на Народната банка за работењето на Народната банка и спроведувањето на политиките, за прашањата поврзани со стабилноста на банкарскиот систем и за состојбата на пазарот на пари и девизните пазари, вклучувајќи ги сите настани и состојби што имале или се очекува да имаат значително влијание на работењето на Народната банка, на спроведувањето на нејзините политики, на финансискиот систем или на пазарот на пари и девизниот пазар.

Back to top button
Close