Кандидатот на крајната десница на претседателските избори во Романија го призна поразот
Кандидатот на крајната десница на претседателските избори во Романија, Џорџе Симион, доцна синоќа го призна поразот во вториот круг од изборите на кои победи проевропскиот кандидат, градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан.
– Тој (Дан) победи на изборите, романскиот народ ја изрази својата волја, рече Симион, кој вети дека „ќе ја продолжи борбата“.
Симион, лидер на крајно десничарската партија АУР, кој синоќа веднаш по објавувањето на првите изборни резултати прогласи победа, освои околу 46 отсто од гласовите.
По пребројувањето на повеќе од 90 отсто од гласовите, проевропскиот градоначалник на Букурешт, центристичкиот кандидат Дан, освои речиси 54 отсто од гласовите