Осуденици ќе добијат електронски алки, еден затвореник ја чини државата над 2000 денари дневно, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да имаме затвореници во куќен затвор кои ќе бидат под електронски надзор.
Како што рече во дел од затворите има над 100% исполнетост на капацитетот и оттаму основната намена на алките е да се намали затворската популација. Постојат два начини за добивање – самите затвореници преку нивните адвокати или самите затвори.
„Ако се оддалечиш од периметарот или ако го мрдате рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка. Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција. Верувам дека човек кој што ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува, вели Пандов.
Додаде дека еден затвореник ја чини државата над 2000 денари дневно.