Гарип Каба: Хибридниот режим на ( НеВреди) започна прогон, ги уапси моите двајца синови
Хибридниот режим на (Не’Вреди) почна со прогон затоа што живеат со халуцинации! објави на социјалните мрежи заменик директорот на Царина Гарип Каба кадар на АА на Таравари.
Вечерва штотуку ме известија дека полицијата ги уапсила мојот син Ланди и мојот друг син Бардок врз основа на случајот за клевета за наводно заканување на поранешниот пратеник и „иден амбасадор“ Салим Сулејмани.
Никогаш не помислив дека ќе се обидат да извршат таков притисок преку клевети и уцени. Се надевам дека ова е грешка и вистината ќе излезе на виделина. Клеветите и заканите не се дел од културата на моето семејство, но ниту дел од културата на вистинските Албанци.
Издржав многу години и ниеден режим не ме скрши! Хоџа, „изолиран“ од Шар Планина, треба да ја повика својата совест и да ја продолжи својата мисија, но не со овие валкани игри.