Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

Британскиот премиер Кир Стармер ја нарече денеска ситуацијата во Појасот Газа „неподнослива“.

Тој додаде дека неговата влада работи со сојузниците за да координира одговор на ескалацијата на конфликтот во енклавата меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас.

 

„Ова е навистина сериозна, неприфатлива, неподнослива ситуација и затоа интензивно работиме на координација со другите лидери за тоа како да одговориме“, изјави Стармер во Лондон.

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, рече дека хуманитарната ситуација во Газа е „неприфатлива“ и повика на итно продолжување на испораките на хуманитарна помош во палестинската енклава.

 

„Веќе два месеци, хуманитарни залихи не влегуваат во Газа. Помошта треба веднаш да стигне до цивилите на кои им е потребна, а блокадата на Газа мора да се укине сега“, рече фон дер Лајен.

Таа и Стармер дадоа изјава за медиумите по склучувањето нови договори меѓу Велика Британија и Европската Унија за зајакнување на соработката во областа на одбраната, олеснувањето на трговијата со храна и олеснување на граничните проверки

Back to top button
Close