Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, напиша заменик-министерот за земјоделие, Фљакрон Беџети, во објава на „Фејсбук“ во која ја приложува и потпишаната оставка.

„Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро“, напиша Беџети во објавата.

Оставката на Фљакрон Беџети

Тој упатува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, моите колеги и соработници“ за коректната соработка.

„Исто така, сакам да му се заблагодарам на мојот претседател Арбен Таравари и на партиските тела на Алијанса за Албанците за поддршката и довербата што ми ја дадоа. Верувам дека во ниту еден момент не ги разочарав со мојата работа, сакајќи да ја афирмирам улогата на субјектот што го претставувам“, вели Беџети, кој реши да го следи Таравари и да се пресели во опозиција.

Back to top button
Close