ФОТО: Запален автомобил на кандидат за градоначалник на Битола
На паркингот во близина на Областа во Битола ноќеска се запалени два автомобили, од кои едниот му припаѓа на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Според информациите, пожарот избувнал во раните утрински часови, а причините сè уште се утврдуваат.
Од полицијата потврдуваат дека се опожарени две возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Во моментот на инцидентот немало повредени лица.
Христо Кондовски важи за еден од најпознатите бизнисмени во Битола. Тој е млад претприемач. Неговиот татко, Димче Кондовски, е долгогодишен инспектор во Управата за јавни приходи (4news)