ФОТО + ДОКУМЕНТИ: Македонија една од можните дестинации за мигранти, Обединети Нации дале зелено светло, објавува британски Тајмс

Обединетите нации (ОН) го одобриле планот на Лабуристите за депортирање на одбиените баратели на азил во мигрантски кампови на Балканот. Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ја разгледа идејата за мигрантите кои поминале низ сите процеси на жалби да бидат однесени во трета држава на Балканот со шефот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) минатиот месец. УНХЦР, исто така имаше свои предлози за враќање на одбиените баратели на азил, сè додека дејствијата не се спротивни на мандат на УНХЦР за заштита на човековите права на бегалците.
На мигрантите мора да им се одобри привремен правен статус (привремен престој), а „ќе треба да се обезбедат соодветни услови за сместување и прием во третата земја по пристигнувањето за да се осигури дека се задоволени потребите на мигрантите, со поддршка од земјата испраќач“.

Владини извори за „Тајмс“ изјавија дека земјите од Западен Балкан, како што се Албанија, Србија, Босна и Северна Македонија, би можеле да ги примат одбиените баратели на азил.

Министерот за внатрешни работи во сенка, Крис Филп, изјави за британски Тајмс: „Ова покажува дека сè повеќе земји размислуваат за отстранување на нелегалните имигранти на локации надвор од Европа“.

Во официјалниот документ на ОН на Велика Британија и се дава зелено светло за сместување на мигранти во трети држави на Балканот.

Меѓу другото во документот се вели дека третата земјата домаќин ќе треба да им ги овозоможи сите права на мигрантите меѓу кои и да им дозволи слободно да се движат  и наместо да гради мигрантски кампови треба да гради мигрантски населби кои ќе овозможат мигрантите слободно да се движат.

Но тоа не е се. Ако државата од каде потекнува мигрантот одбива да ги прими мигрантите назад, државата домаќин ќе мора да им го продолжува легалниот престој стои во документот на ОН.

Oна што загрижува можеби најмногу од се е фактот што Македонија ќе потпише некаков договор со Велика Британија кој никогаш не го виде светлото на денот односно не е објавен од македонската Влада.

Во Лондон, како што вели Владата во кабинетот на „Черчил“, Александар Николоски утре ќе потпише договор со Британија, но претходно како што тој вчера соопшти денеска прво ќе се сретне со министерката за внатрешни работи на Британија Ивет Купер која е предводник на планот за мигрантски центри во трети држави како Македонија. Впрочем средбата со Купер, Николоски ја спомена самиот вчера на прес-конференција во Владата. Што бара министерот за транспорт и врски на Македонија да се среќава со министерот за внатрешни на Велика Британија останува нејасно.

Повеќе

Back to top button
Close