Гаши: Не сум се видел со Таравари, не побара мое мислење за излезот од Влада

Претседателот на Собранието Африм Гаши во 24 анализа рече дека не се видел со Таравари и не разговарале за неговата одлука за излез од Влада. Според него, лидерските средби во „Вреди“ биле исцрпувачки и немало простор за дополнителни дебати.

„Немам никаков проблем со пратеничките грпи, комуницираме и сме целосно посветени цела служба за секој пратеник да го добие своето право и да ги релаизира своите права. Не сум се видел со Таравари одамна, кога дошол во Собрание сме се поздравиле но на оваа тема не сум зборувал затоа што лидерите на „Вреди“ често се гледаа и разговараа и на оваа тема и таа дебата беше исцрпена и јас не почувствував дека можам нешто да променам или да додадам. Имавме добри односи со Таравари секогаш. Таа тема мислев дека треба да се одвива на лидерско ниво и не почувствував дека јас треба да кажувам што да прави. Ако сакал да го слушне моето мислење, можел да праша но не мислам дека после сите разговори јас да упаднам и да се претставам како големиот над сите, не сакам да ја земам таа улога. Јас сум тука за секого“, рече Гаши.

Тој рече и дека нема информација кој ќе биде нов министер за здравство.

„Како што знаете „Вреди“чекори силно и напредува кон хомогенизација и станува еден политички субјект, ние имаме претседателство, централни органи наскоро ќе ма и претседател. Не сум учествувал на претседатлството на „Вреди“. Ќе знам кој ќе биде министерот за здравствп кога премиерот ќе ми достави предлог. Не сум ги прашал“, додаде Гаши.

Back to top button
Close