„Комити“ во знак на протест го оставија Вардар да слави сам!
Фудбалерите на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија победувајќи ја Струга во финалето со 2-0.
Пред крајот на натпреварот навивачката група „Комити“ која беше дванаесетти играч на фудбалерите реши да замине од западната трибина на Арената „Тодор Проески“. Навивачката група од Скопје извика повеќе пораки против управата и на тој начин го продолжија својот револт и кавга.
„Комити“ испратија и порака оставајќи парола на Запад, во која пишуваше: „Тоа што бевте во минатото, останете и во иднината – послушници на свињата“.
