(Видео) Сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош
Мајка на момче кое е со тешки изгореници по пожарот во Кочани, на социјалните мрежи излезе со траорно сведоштво.
Таа вели дека претходно се грижела за болната мајка а сега мора и за својот син кој целосно зависи од неа и затоа морала да ја напушти и работата.
Мајката вели дека до сега, освен донациите на луѓето, тие од државата не добиле ништо.
„Не знаеме што се ќе биде потребно за да оздрави, дали ќе треба некој оперативен зафат или некакви ракавици или опрема, јас се што имам ќе дадам ама треба да имаме и помош од државата пред се. Ние од државата се уште немаме никаква помош“ вели мајката.
Нејзиниот син се лекувал во Грција но при отупустот им било кажано дека заздравувањето во целост може да потрае и година па и повеќе.