Државниот завод за ревизија: Клиниката за хематологија не ги евидентирала лековите за ретки болести
Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија на сметката за средства од Фондот (737) за 2023 година изразува неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Препорачано
Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Домашен ликер од зелени ореви и мед
Клиниката за хематологија не ги евидентирала лековите за ретки болести, покажа ревизорскиот извештај
Опожарено БМВ во движење во близина на Табановце
-Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите и прописите за 2017 година и изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, соопшти денеска ДЗР.
Со ревизијата, како што посочуваат од ДЗР, било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2017 година, при што било утврдено дека од дадените пет препораки, три се спроведени, една е делумно спроведена и една препорака не е спроведена.
-Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Клиниката за 2023 година утврдено е дека примените и потрошените лекови за ретки болести и лекови од донација не се евидентирани во сметководствената евиденција; во дел од спроведените постапки за јавни набавки констатиравме несоодветна примена на Законот за јавните набавки и – нехронолошко плаќање на преземените обврски, велат од ДЗР.
Во насока на надминување на утврдените состојби ревизизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.
Во делот на Останати прашања ревизизорите известуваат за Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при