Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер
Денеска премиерот Христијан Мицкоски, во изјава за медиуми рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер.
Мицкоски изјави дека согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер.
– Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Претходно Мицковски се „истрча“ и изјави дека тој му се јавил на спикерот и дека е закашана пленарна седница за гласање за предлогот за гувернер што ја стави во непријатна ситуација председателката Сиљановска дека премиерот и ја превзел и нејзината обврска и привилегија таа а не тој да го предложи новиот гувернер. Сепак „несогласувањето“ го испеглаа да не мисли јавноста дека Мицковски и ги супституира надлежностите на председателката и дека тој е алфа и омега за се во државата.
Славески треба да биде избран на пленарна седница со просто мнозинство од 61 глас. Очекувано е владината коалиција лесно да го избере новиот гувернер Славевски со повеќе од потребните 61 пратенички глас. Премиерот денеска изјави дека ВМРО ДПМНЕ ќе гласа за предлогот Славевски да биде новиот гувернер.