Дончиќ го надмина рекордот на Џабар
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ оствари историски резултат во НБА лигата. Словенецот ноќеска во вториот меч од 1. коло од плеј-офот против Клиперси постигна 28 поени и со вкупно 70 стана најпродуктивниот играч во првите два плејоф дуела во историјата на НБА.
Досега рекордот му припаѓаше на легендарниот центар Карим Абдул-Џабар со 69 поени.
Инаку, Далас го доби натпреварот со 127:114 и изедначи на 1-1 во серијата.
Резултати на другите три синоќешни средби:
Торонто – Бруклин 104:99
Денвер – Јута 105:124
Бостон – Филаделфија 128:101.