Иран претстави ракета со дострел од над 1000 километри

– Иран денеска претстави балистичка ракета земја-земја, како и нова крстосувачка ракета, игнорирајќи ги барањата на САД да ја запресвојата програма за развој на ракета.

Балистичката ракета земја-земја, именувана по убиениот ирански генерал Касем Солејмани, има опсег од 1.400 километри, додека крстосувачката ракета, именувана по убиениот ирачки командант Абу Махди има опсег од над 1.000 километри, рече иранската министерка за одбрана Амира Катами за време на телевизиското обраќање. .

Фотографиите од ракетите беа објавени и на државната телевизија.

Иран ги презентираше ракетите во момент кога САД се обидуваат да го продолжат ембаргото на ООН за извоз на оружје во Иран, кое, според договорот меѓу Техеран и светските сили од 2015 година, ќе истече во октомври годинава.

– Ракетите, особено крстосувачките ракети, се многу важни за нас. Фактот што го зголемивме опсегот од 300 на 1.000 километри за помалку од две години е огромно достигнување, рече иранскиот претседател Хасан Рохани, додавајќи дека воената моќ и ракетните програми на Иран се од одбранбена природа.

Back to top button
Close