Трамп сè уште е подготвен да оди во Турција, на средба меѓу Зеленски и Путин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè уште „подготвен“ да отпатува во Турција на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа – Керолин Ливит.

Американскиот претседател „веќе рече дека е подготвен да замине ако дојде до тоа, но сака овие двајца лидери и двете страни да седнат на преговарачка маса“, им изјави таа на новинарите.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно предложи таков самит по средбата на руската и украинската делегација во Истанбул