ВИДЕО: Пратениците на ДУИ преговараат дали ќе има седница, им донесоа и пица

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу објави видео на својот Фејсбук профил на кое се гледа како со автомобил пристигнуваат пици кои потоа ги внесуваат во Собранието.

Assesi të fillojë seanca e Kuvendit…Vazhdojnë negociatat mes deputetëve të BDI-së, erdhën edhe pizzat 🍕

Furkan Saliu 发布于 2020年8月20日周四

Тој напиша дека пиците се наменети за пратениците на ДУИ кои во моментов преговараат за тоа дали ќе започне собраниска седница на која новото мнозинство треба да го избере Џафери за претседател на Собранието.

Од вчера во партијата има несогласувања, ограноците во Чаир и Сарај не се согласуваат со поставувањето на функции на Артан Груби и Бујар Османи и наводно, двајца од пратениците, Изет Меџити и Арбен Зибери не сакаат да гласаат на седницата.

Back to top button
Close