Обвинителството сè уште верува дека таткото на Вања помагал во грабнувањето на детето

„Да нема заблуди, да не била Вања сама тоа утро немаше да се реализира грабнувањето и убиството“, рече обвинителката.

Таа додаде дека е јасно дека таткото не е извршител на убиството, но соработувал за да се грабне детето со цел да се добијат пари.

„Никогаш претходно не испратил порака на Вања како да се облекува за следното утро. А од доказите видовме дека дека тој и наведува да се облече топло“, додаде обвинителката.

„Свесни сме дека ниту една казна не е поголема од загубата на сопствено дете, но барале судот да го казни“, рече обвинителката во завршните зборови за таткото Александар Ѓорчевски.

Обвинителката во завршните зборови акцент стави и на изјавата дадена од обвинетите дадени во Обвинителството на 3-ти декември 2023 година каде велат дека ја распрашувале Вања, која е, како се вика, како се викаат нејзините родители, на што Вања одговорила: Што и да барате барајте од мама, таа ќе даде се за мене.

„Само на самиот Ѓорчевски мотивот за ова му е познат“, заклучи обвинителката.

Судскиот процес е во завршница, односно по завршување на завршните зборови ќе трба да се закаже рочиште за објавување пресуда.(4news)

Back to top button
Close