Абе Трајко…

Абе Трајко…
ФБ статус на Борче Трајковски
Точно е гувернеру Славевски, според тебе секогаш ќе има луѓе кои те мразат, некои заради позицијата, некои заради функцијата и нарушените лични интереси, некои трети заради делата, некои четврти заради тоа што си им го земал местото. Така функционираш ТИ, така функционира и твојата партија ДПМНЕ. Секоја критика упатена кон тебе и кон ДПМНЕ е тенденциозна, потценувачка, манипулаторска, па реакциите на јавноста ги претварате во омраза, ги извртувате фактите и оправданите реакции од јавноста, и сите ги прогласувате за мразачи, за предавници, неуспешни, нереализирани ликови, губитници што ти и твојата матична партија упорно ги инпутирате во потчерепните ткива на попрсканото членство…
Зошто би те мразеле луѓето баш тебе бе Трајко? Зошто би те мразел јас, например? Ниту си поубав од мене, ниту си имал више женски од мене, ниту поише кафани си поминал, а бога ми ниту некад си го свртел светот на свој трошок, вадејќи пари од џеб. Не бе Трајче, се’ што ти се случувало у живот било на сметка на граѓаните. И школувања, и патувања и позиции и функции, за се’ сме ти плаќале ние кои сега ги сместуваш во графата мразачи затоа што не се согласуваат со твои изјави со твои дела. Еј, Трајче, тресеш на 35 со двете предњи, ко тумбан Стокец на Плетвар. Дај бе балансирај се човек. Која глупост, да се најежиш пет пути од прва малку е. Немаш ти мразачи бе Трајче, ниту има некој твој колега поранешен или актуелен политичар, ама има, и тоа многу ги има и ќе ги има оние кои не се согласуваат со твоите изјави, со твоите дела со твоите однесувања кога си на платена цицка на државата. Јавноста и ќе те навредува ама не заради тоа што те мрази, туку заради тоа што си залутал ко лигав полжав на одредена висока позиција и од таму ќе им објаснуваш дека со минималната плата во Македонија може квалитетно да се живее?
Ало бе Трајче, не ти требаат научни трудови и белосветски анкети за да докажуваш нешто што не се докажува, туку одвои една минимална плата од твојата, и пробај да го поминеш месецот квалитетно. Сам, без жена без деца, и ќе го видиш и ќе го почувствуваш квалитетот, ама и ќе разбереш дека баљезгаш. Тресеш бе Трајко, исто ко и во оваа твоја колумна. Се правдаш, се обидуваш да се покажеш во нешто што не си. Што ми е гајле какви трудови имаш напишано, какви реформи си направил, кога гледам и слушам како реагираш во советот на град Скопје, кога видов како тивко шепотејќи кидна од министерската позиција на Груевски, кога мене животот од година во година ми е потежок, од месец во месец поскап, и заради твоите “успешни” реформи.
Така да Трајко, ако ти рече човек дека тресеш зелени, не значи дека те мрази, туку не се согласува со тебе… Ќе ти помине, навикнат си ти. Потсети се на одговорот што ми го даде на Економски во кабинет кај тебе, кога те прашав зошто си поднесе оставка од министерската позиција. Се сеќаваш ли на одговорот, а Трајко…?
Можно е да е слика од 1 лице, телевизија и соба за вести

Back to top button
Close