МВР со детали за инцидентот во Чаир: 14 годишник со нож се пресметувал со 64 и 18 годишник

Вечерва во 19:48 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ избувнала физичка пресметка по претходно недоразбирање.

Во инцидентот учествувале 14-годишник од Скопје и лицата С.Р. (64) и Б.С. (18), исто така од Скопје. Според информациите, за време на пресметката биле употребени ножеви, при што сите вклучени добиле телесни повреди.

Повредените биле пренесени на укажување медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Back to top button
Close