Разговор со ученикот Антони Поповски – за мотивацијата, медицината и патот до „Вирџинија Тек“ (Virginia Tech)  

Антони Поповски, матурант од меѓународното училиште „НОВА“, ќе го продолжи своето образование на „Вирџинија Тек“, каде што ќе студира медицина. Главна причина за изборот на универзитетот е високото ниво на образовната програма и можностите за практично искуство во медицината, кои се совршени за неговите амбиции. Антонио ни раскажа за тоа како е да се биде толку млад и амбициозен, како ја открил страста кон неговата посакувана професија и корисни информации за самиот процес на аплицирање.

  1. Антони, честитки за приемот на Универзитетот „Вирџинија Тек“! Како се чувствуваш што токму таму ќе го започнеш следното поглавје од своето образование и што те привлече најмногу кај овој универзитет?

– Ви благодарам! Искрено, селењето во друга земја и менувањето училиште по13 години во НОВА сѐ уште ми изгледа нереално. Многу сум возбуден што ќе го започнам новото поглавје со „Вирџинија Тек“. Она што навистина ме привлече кон овој универзитет беше робусната научна програма и нивниот фокус на истражувања и реални искуства. Сакам да студирам медицина, па важно ми е да бидам на место што овозможува да се учи во и надвор од училница. Исто така, кога бев во посета, заедницата ми изгледаше гостопримлива и запознав многу одлични луѓе, па можев да се замислам себеси таму.

 

  1. Ти си ученик во НОВА буквално од градинка – едно цело детство поминато во исто училиште. Како влијаеше тоа врз она што си денес, врз изборот на твојот академски пат? Што е тоа што ќе го понесеш од НОВА со себе и понатаму?

– Фактот што цел живот сум во НОВА дефинитивно влијаеше врз тоа каква личност сум денес. Пораснав во заедница што те тера да размислуваш глобално, но посветува и големо внимание на искористувањето на целокупниот ученички потенцијал. Тоа ми помогна да ја согледам медицината не само како професија туку и како начин да им помагам на луѓето на повисоко ниво. Професорите во НОВА навистина веруваа во мене, и поддршката што ја добив од градинката сѐ до крајот на Програмата за меѓународна матура во трета и четврта година ми помогна да останам мотивиран. Мислам дека она што ќе го понесам со себе е љубовта, поддршката и мотивацијата што секој ден ја добивав од моите професори и пријатели.

 

  1. Посетуваше летни програми на Оксфорд, Американски Универзитет… Поминуваше часови волонтирајќи во болница, гледајќи што значи грижата за пациенти одблизу. Како тие искуства ти помогнаа да разбереш што навистина значи да се биде лекар? Дали и тие искуства помогнаа во изборот на универзитет?

Сите тие искуства ја променија мојата перспектива за тоа каде сакам да студирам и што. На двете програми имав шанса да ја откривам науката на подлабок начин и да создадам пријатели со слични интереси од целиот свет. Одењето на кампови во Европа и Америка ми помогна да согледам дека повеќе сакам да продолжам да учам во САД отколку во Европа. Волонтирањето во болница и гледањето како лекарите ги третираат пациентите, не само физички туку и емотивно, ме натера да сфатам дека медицината има многу повеќе врска со градењето односи отколку со наука. Сите кампови и волонтерски искуства навистина ми помогнаа да согледам дека медицината е вистинскиот избор за мене и дека е нешто што ќе уживам да го правам како кариера.

  1. Освен академијата, активен си во ученичкиот совет, работиш на младински политики, а волонтираш и секое лето во кампот на НОВА. Како тие искуства ти помогнаа да се изградиш како личност и лидер? Дали сите дополнителни активности се ценат на приемните испити?

– Учеството во активности надвор од часовите многу ми помогна во развојот. Во Студентскиот совет и во ангажманот со младинските политики научив како да ги слушам другите, како да преземам иницијативи и како навистина да се обидам да направам разлика. Во кампот што го организира НОВА работев со помали деца и станав подобар во станувањето трпелив и креативен. Овие активности ме научија како да работам со различни луѓе и како да го менаџирам сопственото време, што мислам дека е една многу важна вештина и во поглед на факултетот, но и во поглед на животот воопшто. Вонучилишните активности се исклучително важни, особено кога се аплицира на факултети во Америка, бидејќи ги користат заедно со личната изјава да разберат какви личност си и што ти е битно.

 

  1. Аплицираше на разни универзитети и примен си на листата на многу од нив, но како изгледаше твојот процес на одлучување каде навистина сакаш да одиш? Што мислиш дека најмногу го убеди „Вирџинија Тек“ да те прифати?

– Одбирањето не беше лесно. На почетокот бев повеќе концентриран на тоа да ме примат некаде. Кога веќе еднаш ги добив одговорите, морав да размислувам за тоа што ме прави да се чувствувам добро не само во академска смисла, туку и лично. „Вирџинија Тек“ се одвои од другите универзитети бидејќи имаше сѐ што барав: силна наука, можности за истражување и заедница што обезбедува поддршка. Можноста да го посетам кампусот исто така ми помогна многу бидејќи ми покажа колку е вистински голема и поддржувачка таа заедница. Мислам дека ме примија бидејќи им покажав дека не сум само заинтересиран за наука, туку дека веќе имам преземено чекори да ја истражам медицината, но и да ѝ вратам на заедницата преку волонтерските ангажмани, летните програми и можностите да покажам лидерство. Се обидов да покажам кој сум, и покрај оценките што ги имам, дека сум некој што е љубопитен, мотивиран, страстен, љубезен и што сака да направи промена.

  1. За некој што сонува да студира медицина во странство, но не знае од каде да почне – што би му препорачал? Што е најважното нешто што си го научил од целиот апликациски процес?

– Почнете рано и бидете искрени со себе. Во ред е ако не знаете сѐ веднаш, не знаев ни јас. Она што најмногу ми помогна беа активностите во кои бев вклучен надвор од часовите, како што се волонтирањето, летните програми и комуникацијата со луѓе од професијата. Така открив за што имам најголема страст. Исто така, не плашете се да побарате помош од професорите, семејството и пријателите. Тој чекор може да направи огромна разлика кога станува збор за вашата поддршка. Најважното нешто што го научив е дека вашата сопствена приказна е важна. Ако умеете да покажете зошто се грижите за тоа што ќе го изучувате и како сте работеле на тоа, луѓето ќе знаат.

Back to top button
Close