Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите
Штотуку е уапсен вработениот во Народна Банка, З.Д. за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“. Од Обвинителството за „Слободен печат“ потврдуваат дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија
„Да, лицето е лишено од слобода по наредба на јавен обвинител. Се преземаат и други дејствија”, велат од Обвинителството.
Манев ги шокираше сите во судницата кога го кажа името на човекот и каде е вработен.