Сопартиецот од „Десна“ Зоран Д. што Велибор Манев го посочува дека го скрил ранецот со пиштолот и моторолите е сопруг на судијка од Скопскиот кривичен суд

Зоран Д. сопартиецот од „Десна“ на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски кој работи во Народна Банка и е сопруг на судијка од скопскиот кривичен суд , преноќил во станица. Тој вчера беше приведен по наредба на јавен обвинител откако Велибор Манев му го кажа името во завршните зборови во судница, и рече дека „Љупчо Палевски го задолжил да го фрли ранецот во кој бил пиштолот и моторолите користени да се киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски“.

На прашање на „Слободен печат“ што кажал приведениот во станица, од Обвинителството велат дека во оваа фаза од постапката не може да споделат, но повеќе детали најавуваат во текот на денот. Останува непознато дали приведениот признал или негирал уништување на фамозниот ранец за кого во текот на судењето за убиствата на Вања и Панче, Велибор Манев во неколку наврати посочуваше дека бил уништен од човек, по налог на Палевски со посредство на Манев како „пренесувач на пораката од Палевски“.

Во вчерашните завршни зборови, Велибор Манев рече дека се чувствува како будала што му верувал на Палевски оти „само“ ќе киднапираат а следувале убиства. Рече дека душата му ја дал на тацна на Палевски но на крајот загубил се.

Back to top button
Close